
На средбата, како што информираа од Центарот за комуникации при ОК ВМРО ДПМНЕ, станало збор за набљудувачката мисија на престојните парламентарни избори говореа што ќе ја спроведе Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) при ОБСЕ.
Набљудувчите одблизу ќе ги следат изборните кампањи, работата на органите за спроведување на изборите и соодветните владини органи, изборното законодавство и неговата примена, атмосферата во медиумите, како и решавањето на споровите поврзани со изборите, и ќе оценат дали изборите ќе бидат во согласност со начелата за демократски изборни процеси како и со националното законодавство, било речено на средбата.
“Очекуваме овие избори да бидат досега најдемократски во Република Македонија. Нема поголеми промени во избирачките списоци а кампањата на локално ниво ќе биде сведена на прес -конференции, разговори со граѓаните и пренесување на програмата на партијата“, истакнал кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Цветко Грозданов. Тој искажал сомневање дека и покрај тоа што декларацијата за фер и демократски избори ја потпишале сите политички партии, се можни изборни инциденти од страна на опозицијата.
Анита Кипаризова-Крстеска, кандидат за пратеник од 5-та изборна единица, истакнала дека Владата ќе направи се за фер и демократски избори и рамноправна застапеност на жените во политичкиот живот.
Претставниците на набљудувачката мисија на ОПСЕ-ОДИХР, како и мисијата на ОБСЕ во Скопје на средбата истакнале дека изборниот процес во Макеонија ќе го надгледуваат одвоено и во согласност со нивните мандати.
ohridnews












