Во првиот дел стручните лица од ЈУПГ и наставниот кадар на ФТУ им ги презентираат природните и културните вредности на паркот, основните принципи на управување со паркот и активностите на ЈУНПГ за унапредување на услугите и инфраструктурата за посетителите во паркот.
Во вториот дел, за учесниците на обуката ЈУНПГ и ФТУ организираат теренска настава со посета на повеќе локалитети во паркот. Учесниците кои ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со сертификат. Во иднина, организираното водење на групи во паркот ќе биде можно само преку туристички водичи кои поседуваат ваков сертификат.
Овие активности се во насока на регулирање на работата на туристичките водичи на територијата на Национален парк Галичица и унапредување на квалитетот на понудата за туристите.