На почетокот од наредниот месец, Македонската асоцијација на интернационални водачи во планина ќе објави конкурс за обука на кандидати за водачи.
Обуката, согласно со програмата за работа на МАИВП и обврските кои произлегуваат од членството во меѓународната организација на професионални водачи во планина – UIMLA, ќе се изведува според критериумите за стандардот IML – International Mountain Leader.
Според последните измени во програмата за обука на водичи во планина, а во согласност со платформата и стандардите препорачани од страна на UIMLA, обуката е поделена во седум модули. Секој од модулите претставува засебна целина преку која што се стекнуваат вештини за одредена област, која претставува дел од вкупните знаења неопходни за вршење на дејноста професионален водач во планина.
Со новиот начин на организирање на обуката и поделбата во модули се овозможува полесно изведување на тренажниот процес, кој станува достапен и за лица кои имаат интерес да се обучат само за одредени вештини.
Инаку, во мај и јуни оваа година, во објекот на Црвениот крст и тренинг центар на МАИВП во селото Велестово, се оддржа семинар за водичи во планина.
OhridNews