Во рамки на активностите од проектот „Општина по мерка на граѓаните“, Фондацијата Отворено општество-Македонија во парнерство со општина Струга ќе организира обука на тема „Мониторинг на акциски планови“.

Обуката има за цел да им понуди на претставниците на граѓанските организации алатки за мониторинг на имплементацијата на локалните стратегии и акциски планови за образование, млади, социјална заштита и соработка со невладиниот сектор.

Обуката ќе се одржи на 3-ти и 4-ти март 2016 година во хотел „Мираж“ во Струга, а сите заинтересирани треба да се пријават најдоцна до 29-ти февруари 2016 година.

По завршување на обуката во текот на месец март ќе биде распишан отворен повик за мали грантови за организации кои би го реализирале мониторингот на акциските планови на општина Струга во текот на 2016 година.

OhridNews