
Обука од овој вид, според европските стандарди и протоколи, за прв пат се спроведува во Македонија, а привилегија да ја посетуваат истата имаат 16 млади волонтери на Црвен крст Охрид избрани според посебни критериуми од страна на инструктори-парамедици од Националниот здравствен сервис на Холандија во соработка со Црвен крст Охрид и Општинското средно медицинско училиште „Кирил и Методиј од Охрид“.
-Со многу интересен, креативен и високо професионален пристап, најсовремена опрема и нагледни средства, тројца инструктори-парамедици од Националниот здравствен сервис на Холандија секојдневно успеваат да ги задоволат потребите на младите волонтери за нови знаења и техники во справување со најсложени ситуации и интервенции на укажување на прва помош и реанимација на повредени. – изнформираат од Црвениот крст.
OhridNews












