Младински Совет од Охрид во соработка со Центар за интеркултурен дијалог од Куманово денеска во просториите на Охридската локална самоуправа ќе организира обука против говорoт на омраза.

Обуката „Препознавање на говор на омраза“ е дел од серијата на обуки кои се реализираат низ Македонија како дел од годишниот проект на Центарот за интеркултурен дијалог и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

-Идејата на овие обуки е да ја подигнат свеста кај младите и мултипликаторите односно луѓето кои работат со млади, за тоа како да разберат што е говор на омраза и кои се последиците од истиот. Активностите кои се дел од истиот се дел од прирачникот „Обележувачи“ кој е прирачник за работа со млади луѓе за теми кои се повразани со говор на омраза, криминал од омраза, човекови права итн. Сите обуки се интерактивни и директно ги вклучуваат учесниците во процесот на учење, информираат организаторите.

Обучувачи на обуката ќе бидат Вахид Мемед од Охрид и Матеј Маневски од Куманово.

OhridNews