Во сабота на 19-ти декември 2015 година Младински Совет од Охрид организира обука против говорoт на омраза во соработка со Центар за интеркултурен дијалог од Куманово.
Обуката „Препознавање на говор на омраза“ е дел од серијата на обуки кои се реализираат низ Македонија како дел од годишниот проект на Центарот за интеркултурен дијалог и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Обучувачи на обуката ќе бидат Вахид Мемед од Охрид и Матеј Маневски од Куманово.
-Идејата на овие обуки е да ја подигнат свеста кај младите и мултипликаторите односно луѓето кои работат со млади, за тоа како да разберат што е говор на омраза и кои се последиците од истиот. Активностите кои се дел од истиот се дел од прирачникот „Обележувачи“ кој е прирачник за работа со млади луѓе за теми кои се повразани со говор на омраза, криминал од омраза, човекови права итн. Сите обуки се интерактивни и директно ги вклучуваат учесниците во процесот на учење, информираат организаторите.
Обуката ќе започне во 11:30 минути и ќе се одржува во малата сала на општина Охрид.
OhridNews