Во организација на меѓународната финансиска корпорација- ИФЦ, од денес до 17- ти мај во Охрид се одржува обука за претставници од банки, која има за цел да ги унапреди способностите на учесниците да ги пласираат на пазарот производите и услугите врзани за трговското финансирање. На учесниците ќе им биде објаснето како да се управува со ризиците при структурирањето на трансакциите за трговското финансирање, што ќе им биде илустрирано со практични примери.

Како што потенцираат организаторите, обуката ќе им помогне на банките-учесници да ги подобрат своите продажни вештини во трговското финансирање, а настанот е и можност за воспоставување на контакти за заедничка потрага по нови бизниси и потенцијални пазари за развој.

Глобалната програмата за трговско финансирање на ИФЦ (ИФЦ’с Глобал Траде Финанце Програм) им нуди на банките делумна или целосна гаранција за обврските за плаќање за трговските трансакции на пазарите во развој. Советодавната програма на ИФЦ е посебно развиена за да им помогне на локалните банки да ги развијат капацитетите за трговското финансирање.

Глобалната програмата за трговското финансирање на ИФЦ е основана во 2005 со цел да ја промовира трговијата помеѓу пазарите во развој, да го зголеми уделот на земјите во развој во глобалната трговија и да го поддржи протокот на добра и услуги помеѓу овие земји.