Согласно годишната програма на Одделението за локален економски развој, Општина Охрид на 1-ви октомври започнува со петдневна стручна обука за жени претприемачи. Обуките ќе ги реализираат стручни лица од World Smart Education.

Пријавувањето е во период од 15.09 до 25. 09 2026г. на телефонскиот број 070 841 266 и на електронската адреса [email protected]

По обуките жените кои ќе бидат дел од проектот се стекнуваат со практични знаења и вештини за претприемништво, ќе разменуваат искуства и бизнис идеи и ќе добијат сертификат за завршена обука, велат од Општина Охрид.

Со проектот Општина Охрид продолжува со спроведување на мерките предвидени во Стратегијата за поддршка на женското претприемништво, со цел создавање поволни услови за развој и афирмација на жените во бизнис- секторот.

OhridNews