
-Со обуките ќе бидат опфатени сите екипи на итната медицинска помош во здравствените домови (26), како и екипите кои работат во ургентните служби во општите болници низ Републиката (17). Првично, обуките ќе се фокусираат на новите 80 лекари, кои ќе бидат вработени во службите за итна медицнска помош во здравствените домови низ Републиката и се засноваат на веќе изготвени протоколи , чија цел е да обезбедат ефикасна, адекватна и брза здравствена грижа за пациенти кои се наоѓаат во животно загрозувачки состојби, рече вчера министерот за здравство, Никола Тодоров. Тој појасни дека тешките трауми, срцев удар, пејсинг и тахикардија се само дел од темите кои ги опфаќаат обуките.
Министерот најави дека наскоро ќе пристигнат новите 70 целосно опремени амбулантни возила за Итната помош.












