Во организација на Здружението за развој и активизам “Аква” од Струга и Центарот за развој на локална демократија, од март годинава, ќе започне реализација на Програмата за обуки на претставниците од граѓанскиот сектор за мониторинг на спроведувањето на децентрализацијата и мониторинг на јавните набавки на локално ниво. По завршувањето на обуките, ќе биде изготвена методологија за мониторинг и ќе се оформат тимови за мониторинг составени од најуспешните учесници на обуките, по што ќе следува набљудување на работата на локалните власти.За таа цел, во тек е Конкурс за пријавување на учесници за обуките за општините Струга и Охрид, со краен рок за поднесување на пријавите 20 Февруари.
Покрај претставниците на граѓанскиот сектор, право за пријавување имаат претставници на медиуми, академска и бизнис заедница, и индивидуалци/поединци кои имаат интерес за следење на обуките и вклучување во набљудувањето.











