Управата за јавни приходи-Даночна академија, почна со реализирање обуки за Пријавување и оданочување на приходи од имот и имотни права (закупнина). Обуките кои ќе се спроведуваат до крајот на месецов се наменети за граѓаните, односно физички лица.
Станува збор за еднодневна обука за пријавување, оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот и даночните поволности.
Во Охрид, обуката ќе се одржи на 26-ти јануари во 10 часот во општинската сала.
OhridNews












