Центарот за Развој на Југозападниот плански регион и „Knowledge Center“ од 8-ми до 13-февруари 2016 година во Струга ќе организира обука за развој на капацитетите на женското претприемништво во Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани.

Според најавите, обуката е бесплатна и ќе се спроведе во просториите на општина Струга. Во рамки на обуката ќе бидат опфатени 20 жени, кои претходно доставиле свои апликации во согласност со повикот.

Освен во Струга, вакви обуки ќе бидат спроведени и во Кичево (Кичево, Пласница и Македонски Брод) и Дебар (Дебар и Центар Жупа).

Проектот се спроведува во соработка со Министерството за локална самоуправа и канцеларијата на UNDP од Скопје.

OhridNews