
Таа појасни дека судењето е одложено затоа што судот не добил одговор од МВР дали обвинетиот е пронајден согласно решението за определување на притвор. Најави дека ќе достават ургентно барање до МВР дали обвинетиот е достапен на органите на прогонот.
Досега седум пати се одложува почетокот на повторениот судски процес откако апелацискиот суд во Битола ја укина првичната одлука на Основниот суд Охрид кој обвинетиот Бојан Угреновиќ во декември минатата година го осуди на казна затвор од 16 години и го врати предметот на повторно судење.
–Јас не знам дали тие луѓе во Апелација имаат деца, но би ги прашала како би се чувствувале тие доколку поминуваат низ голгота како јас. Утре е Митровден, а ние именденот на мојот син Димитар ќе го одбележиме на гробишта, додека неговиот убиец е на слобода, а нас само не малтретираат да доаѓаме напразно на рочишта. Јас до ден денес не знам зошто тој го уби мојот син. Како просветен работник секогаш ги учев моите ученици да веруваат во правда и правичност и се надевам дека ќе има правда во овој случај, дека сторителот на делото ќе биде осуден, а душата на мојот убиен син конечно ќе најде мир. – рече во емотивната изјава пред медиумите мајката на убиениот Димитар, Драгица Матилоска.
OhridNews











