Максимални казни затвор за Никола Груевски и Миле Јанакиески, како поттикнувачите на насилните протести во Општина Центар летото во 2013 година, побара обвинителката Фатиме Фетаи во своите завршни зборови во предметот познат како „Шамарите во Центар“, пренесува порталот „360°“..
За поттикнувачите немам сомнеж дека треба да биде изречена максимална казна, затоа што предизвикаа такво насилство кое нанесе срам за државата, имаше реакции од амбасади, од меѓународни организации. Неказнивоста за овој настан имплицираше потешки насилства, како што се настаните од 27 април во 2017 година во Собранието, каде што првите двајца обвинети во овој случај се обвинети и таму. – рече Фетаи.

ВМРО ДПМНЕ, пак, смета дека во државата нема правда и бара да престане политичкиот реваншизам. Овие поенти провејуваа на вчерашниот нов протест на опозициската партија во Скопје, тематски насочен против неправдата.
Сите оние кои што се чувствуваат обесправено и под притисок се на власта, цел се на реваншизам од власта, ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање за бесплатна правна помош. Обратете се до нас, до нашиот тим на адвокати и правници, но и оние кои што решија да волонтираат токму за вас, да ви помогнат за да и ставиме крај на мафијата и ова безкурполозно однесување на мафијата. – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протестот.

OhridNews












