Обвинителството ќе бара максимална казна, доживотен затвор за убијците на петмината рибари кај Смиљковското Езеро.
-Законот е многу ригорозен. Се работи за најтежок вид кривични дела-тероризам, за кои е предвидена максимална казна – доживотен затвор. Се надевам дека полицијата врз основа на биолошките и материјалните докази што ги има прибрано ќе срочи квалитетна кривична пријава која ќе може да ја процесуираме во најкраток можен рок“, изјави Јавниот обвинител Љупчо Шврговски
Случајот со внимание го следи и меѓународната заедница. Европската Унија очекува судските органи да донесат правилни одлуки во разумен временски рок.
-Продолжуваме одблиску да ги следиме активностите. Работа е на државните институции да ги извршуваат нивните дејности, без оглед на етничката или верската припадност на жртвите и извршителите. Останува мирно да сочекаме судските органи да донесат правилни одлуки во разумен временски рок, се наведува во соопштението од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
извор: „Макфакс“