Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган. – соопшти Јавното обвинителство.

Инаку, вчера, со механизација на државните претпријатија, започна уривањето на бесправно изградениот објект кај Мавровка, кое продолжува и денеска. За прв пат во јавноста се јави и сопственикот на објектот Мевљудин Алити. Тој тврди дека постапувал легално и смета дека е жртва на политички игри за да му се одземе атрактивната локација.
OhridNews
фото: „Независен“












