Екипата на Охрид изгуби со 1-0 од Кадино и го претрпе првиот пораз на гостински терен во второлигашката конкуреција. „Рибарите“ во пресрет на пресметката со Кадино според сите параметри беа фаворити, а ветар во грб беше победата над Вардар Форино од претходната рунда. На теренот Охрид играше и креираше шанси, но недостигаше играта со срце, нешто што го красеше домашниот состав.

Симоновски (1,5): Во поголем дел од натпреварот без работа. При пеналот ја „прочита“ страната и за малку не успеа да го скроти ударот.

Вељаноски (1,5) – Ариф (1,5): Подпросечен натпревар на охридските бекови. Вељаноски во тандем со Лекоски требаше подобро да ја затвори десната страна при водечкиот гол на Кадино, додека Ариф невнимателно стартуваше и направи пенал. Во нападот активни, но без посериозен учинок.

Лекоски (1,5) – Цуцули (1,5) – Трпески (1,5): Адутот на Охрид не реагираше најдобро само еднаш и тоа се покажа фатално на крајот. Со офанзивците на Кадино се справија добро, но на површина излезе грешката во 20-та минута.

Ристески (1,5) – Ѓорѓиески (1,5): Младите фудбалери за врска немаа меч за паметење во Кадино. Ристески и Ѓорѓиески имаа премногу згрешени пасови во средината на теренот и воопшто не им помогнаа на офанзивците во екипата.

Алији (1,5) – Кочоски (1,5) – (Дишлиевски 1,5): Алији и Кочоско треба да се моторот и душата на екипата, но во Кадино не беше така. Двајцата играа, но кај двајцата недоставуваше лидерската улога. Алији беше блиску до погодок во 30-та минута после слободен удар, додека Кочоски повеќе дејствуваше по страна и ги проигруваше играчите. Дишлиевски беше во шпицот на нападот и иако водеше битка со домашните дефанзивци не успеа да влезе во гол шанса. Поради повреда заменат беше пред крајот на првиот дел.

Измени:

Реџепи (1,5): Влезе во игра на местото од Дишлиевски и ги имаше двете најзрели прилики за изедначување. Желбата за игра беше видлива, но без учинок.

Наумоски (1,5): Го замени Лекоски на полувремето и добро го отвори мечот заканувајќи се од 20-тина метри. Потоа се вклопи во сивилото од Охрид.

Целески (1,5): За околу 25 минути на теренот покажа дека сака игра, но исто како Реџепи без учинок. Дејствуваше како крило, но не доби или пак не се избори за вистинска прилика на мечот.

Бочески (1,5): Формациски играта ја постави 3-5-2, потоа менуваше, но ништо не вроди со плод. Измените ги направи праворемено, но и тоа ништо не промени резултатски.

 

Мх.П.

 

Минимален пораз на Охрид од Кадино