Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Арсенал ги поделија бодовите во дербито на Олд Трафорд ремизирајќи (2-2) во 15-та рунда од англиската Премиер лига.

Дерби пресметката понуди многу возбудувања, темпото на игра беше високо, но квалитативно фудбалот беше очаен. „Топчиите“ до предност стигнаа после киксот на Де Хеа, а домаќините израмнија, откако комплетна одбрана на Арсенал „заспа“ после слободниот удар на Рохо.

Арсенал до нова предност дојде со помош од Рохо. Дефанзивецот, киксна на средината од теренот, а во акцијата подоцна сам си ја затресе мрежата. Радоста за водечкиот погодок не траеше ниту минута. Јунајтед тргна од центар и израмни со голот на Лингард.

До крајот на мечот „топчиите“ беа поблиску до третиот погодок, но Де Хеа се поправи и со две фантастични одбрани спречи нова радост на гостите. Со ремито, Арсенал ја продолжи серијата без пораз, а Јунајтед четири мечеви во низа нема победа во Премиер лигата.

Резултати: Барнли – Ливерпул 1-3, Евертон – Њукасл 1-1, Фулам – Лестер 1-1, Вулверхемптон – Челси 2-1, Мен Ју – Арсенал 2-2, Тотенхем – Саутемптон 3-1.

Табела:  Мен Сити 41, Ливерпул 39, Тотенхем 33, Челси 31, Арсенал 30…

OhridNews