Како што пренесува „Макфакс“ вкупно1.299 лекови ќе бидат поевтини во просек за 32,54 отсто. Кај дел од лековите намалувањето на цената ќе се движи и до 70 отсто.
Методологијата на Министерството за здравство за пресметка на новите цени на лековите, ги прифатиле производителите и нема лекови кои ќе се повлечат од македонскиот пазар
„Ниту една компанија не се повлече од пазарот на Република Македонија и сите компании поднесоа барање за утврдување на цените на лековите согласно новата методологија. Ова покажува дека оваа реформа во делот на лековите е успешно имплементирана и ќе овозможи сериозна заштеда во здравствениот систем и во јавните здравствени установи, но ќе ја почувствуваат и граѓаните затоа што следствено со намалување на цените за голема продажба ќе се намали и малопродажната цена“ рече Тодоров.
извор: „Макфакс“