Од Управата за јавни приходи информираат дека од 1 Јануари се воведува  Достава на Извештај за задржан ДДВ во постапка на присилна наплата и присилно извршување “ДДВ-ПНПИ“.

Со измените и дополнувањето на Законот за данокот на додадена вредност од 1 јануари 2015 година се пропишаа посебни одредби за начинот на постапување при пренос на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата односно присилно извршување, кога должникот е регистриран за ДДВ, пресметувањето и плаќањето на ДДВ на прометот на добрата кои се предмет на продажбата го врши субјектот надлежен за постапката за присилна наплата односно присилно извршување, во име и за сметка на должникот.

Обврските на субјектот надлежен за спроведување на постапката за присилна наплата односно присилно извршување се: Да пресмета ДДВ на образец “ДДВ-ПНПИ“ – Извештај за задржан ДДВ во постапка на присилна наплата и присилно извршување; Да го плати ДДВ-то на денот кога е извршена уплатата од страна на стекнувачот на доброто или најдоцна во рок од 5 (пет) работни дена, поединечно за секој даночен обврзник на утврдената буџетска сметка; Да го достави Извештајот “ДДВ-ПНПИ“ и изготвениот акт кој е основ за стекнување со сопственост на движните и недвижните добра до УЈП, должникот и стекнувачот на доброто, на денот кога е извршена уплатата од страна на стекнувачот на доброто или најдоцна во рок од 5 (пет) работни дена.

Извештајот ДДВ-ПНПИ се доставува до УЈП по електронски пат, преку е-Даноци, почнувајќи од 1 јануари 2015 година.

OhridNews