Од Управата за јавни приходи информираат дека од 1 јануари 2015 година се намалува прагот за регистрација за цели на ДДВ на 1 милион денари, согласно измените на Законот за данокот на додадена вредност.

Даночните обврзници кои во текот на 2014 година оствариле промет над 1 милион денари, должни се до 15 јануари 2015 година да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец “ДДВ- 01“).

Сите даночни обврзници кои во текот на месец Декември 2014 година ќе остварат промет над 1.000.000 денари, може веднаш, пред крајниот рок 15 јануари 2015 година, да поднесат Пријава “ДДВ-01“.

Даночните обврзници кои ќе поднесат Пријава“ДДВ-01“ во текот на месец Декември ќе бидат регистрирани за цели на ДДВ од 1 јануари 2015 година.
Даночните обврзници кои во текот на 2015 година ќе остварат оданочив промет над 1.000.000 денари, ќе бидат обврзани за регистрација за целите на ДДВ, односно должни се да ја поднесат Пријава (образец “ДДВ- 01“) најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот.

Пример: Доколку со состојба 20-ти Јануари даночниот обврзник остварил промет 1.260.000 денари, Пријавата “ДДВ-01“ треба да ја поднесе најдоцна до 15 февруари 2015 година.

OhridNews