Од 1-ви јануари идната година се зголемува капитациониот бод за стоматолозите од 35 на 40 денари,односно за 14%,информираат од Фондот за здравствено осигурување.
Од ФЗОМ потенцираат дека бенефитот од оваа мерка ќе го почувствуваат 1146 тимови на стоматолози кои што работат во 963 ординации со кои Фондот има склучено договор во 2015 година.
– Оваа мерка ќе значи и подобрување на стоматолошката здравствена заштита на нашите осигуреници,затоа што сметаме дека матичните стоматолози ќе бидат помотивирани да се грижат за оралното здравје. Бенефитот од ова ќе го почувствуават и 1,312.300 осигуреници кои имаат избрано матичен стоматолог. Оваа бројка на осигуреници кои имаат избрано матичен стоматолог бележи континуиран раст за што Фондот обезбедува финансиски средства. Во просек секој матичен стоматолог има по 1145 осигуреници-пациенти, велат од ФЗОМ.
Одлуката на ФЗОМ, која ја верификува Управниот одбор на Фондот, по добивање согласност од Министерот за здравство, ќе биде објавена во Службен Весник на РМ.
Од ФЗОМ информираат за уште две новини- изготвувањето на новите анекси на договорите за 2016 година и за зголемување на платите на специјалистите стоматолози кои работат во Стоматолошкиот клинички центар, за околу 20% .
OhridNews