
Моментално домаќинствата во Македонија плаќаат цена на струјата од 80 евра за мегават-час, со вклучени 33 отсто за инсталирана моќност. Последното поскапување на цената на струјата во Македонија се случи во август 2012 година и достигна 9,83 %.
Какви ќе бидат годинешниве пресметки ќе се знае за десетина дена. Според експертите поплавите во регионов нема да влијаат на цената, но сепак стравуваат од украинската криза, бидејќи евентуалниот недостаток на природен гас може да донесе повисоки цени на другите енергенси, како што е струјата, нафтата и мазутот.
OhridNews












