При увозното царинење ќе можат да се царинат еднородни стоки, стоки кои се наменети само за еден увозник и се наоѓаат во едно превозно средство, лесно препознатливи стоки и стоки распоредени во еден тарифен број.
– Со отпочнувањето на увозното царинење на овие два гранични премини ќе се заокружи целината од увозно-извозно царинење на граничните премини спрема сите соседни земји. Тоа ќе влијае позитивно на бизнис заедницата преку забрзување на постапките за царинење на самите гранични премини, помалото време на чекање во неработните денови и празниците, како и намалување на трошоците, објаснуваат од Царинската управа.