Од 1 ноември сите уписи во трговскиот регистар ќе бидат по електронски пат
22.10.15 08:20
Централниот регистар известува дека со примена на измените на Законот за Едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и на Законот за трговските друштва, од 1-ви ноември 2015 година, покрај пријавите за упис на основање во Трговскиот регистар, исклучиво по електронски пат ќе се поднесуваат и пријавите за упис на промени и на бришење, преку регистрациони агенти – адвокати.
Согласно споменатите законски измени, престанува да се применува поднесувањето на пријави за упис во хартиена форма во канцелариите на Централниот регистар. Наместо тоа, уписите во трговскиот регистар за сите видови трговски друштва задолжително ќе се одвиваат единствено преку Системот за е-регистрација.
Листа на овластени регистрациони агенти за упис на основање и за упис на промени и бришења ќе биде објавена на веб-локацијата на Централниот регистар, www.crm.com.mk.
АД МЕПСО Скопје остварува раст на приходите, но се соочува со сериозни слабости во управувањето со имотот, инвестициите и јавните средства, што директно влијае врз ефикасноста и развојот на електро...
Здружението “Ликовна колонија – Дебрца”, годинава, по 41 пат, ја организира истоимената ликовна колонија, најстара во нашата земја Учествуваат 10 ликовни уметници од земјата и светот, мегу кои како...
Директорот на Државна лотарија, проф д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека држава...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.