Од јавното претпријатие „Билјанини Извори“ информираат дека 1-ви јули, недела, почнува со работа градскиот базен „Атина Бојаџи“.

Работното време е од 9 до 20 часот. Од 9 до 14 часот базенот ќе биде на располагање на пливачките школи, додека од 14 до 20 часот ќе биде на располагање за сите граѓани, рекреативци и љубители на пливањето и водните спортови.

Оваа година покрај вообичаените активности градскиот базен ќе може да се користи и за организирање на роденденски забави и промотивни активности.

OhridNews