Охрид е еден од градовите во земјава во кои од 1- ви јануари ќе бидат организирани  дежурства на аптеките.

Како што информираат од Фондот за здравствено осигурување, од Нова година, во Охрид, Битола, Куманово, Прилеп, Тетово,  Струмица, Велес, Кавадарци, Штип, Кочани, Струга и Гостивар ќе има дежурни аптеки. Дежурни аптеки ќе има и во  градските средини со повеќе од 30 илјади осигуреници, но и во другите места со помалку осигуреници ќе се организираат дежурства, но по телефон.

Одлуката е донесена со цел обезбедување на континуирана здравствена заштита на осигурените лица ноќе, во  сабота, во недела и за време на државни празници, во согласност со потребите на населението, како и за непречено обезбедување со лекови на рецепт од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ, особено лекови пропишани од лекар во дежурна служба.

OhridNews