Втората летна школа за 3ds MAX во Охрид, со работа ќе отпочне на 1-ви јули. Годинава курсот е планирано да го одржат повеќе предавачи, информираат организаторите на школата „Autodesk Makedonija“.

-Нашата компанија за оваа година изработи специјална програма која ќе трае два месеци. Програмата по која курсистите ќе го совладаат 3DS MAX е дизајнирана и збогатена со најпотребните вежби и литература која од наше искуство е оптимизирана за брзо и квалитетно учење. Со текот на годините ние ги усоваршуваме програмите и изработивме голем број на тренинг матерјали кои дел се и на македонски јазик. – велат од „Autodesk Makedonija“.

Летната школа е дел од програмата за работа на оваа компанија која предвидува предавања секое лето во Охрид. Оваа година најавени се и странски предавачи кои се докажани во ова поле. Тие ексклузивно во Охрид ќе одржуваат визитинг предавања и ќе ги споделуваат своите искуства со кандидатите кои ќе ја посетуваат летната школа „Охрид 2013“.

Покрај изучување на софтверот 3ds max кандидатите оваа година ќе имаат можност да се запознаат и со рендерот „v-ray“. Овој рендер, производ на фирмата „chaosgroup“, е високо софистицирана алатка која со своите имплементирани светла, текстури и камери овозможува реално рендерирање.


Минатата година од 1 јули до 31 август 2012 година во Охрид се реализираше првата летна школа за 3DS MAX, што успешно ја завршија 16 студенти. Тие се  здобија со сертификати – дипломи директно од Аутодеск Америка.

„Autodesk Makedonija“ е единствена сертифицирана компанија во Македонија од страна на „Autodesk“. Посетителите на курсевите се стекнуваат со оргинални, светски признаени дипломи кои ги добиваат директно од „Autodesk“.

Заинтересирани повеќе информации можат да добијат на: [email protected], www.autodeskmakedonija.com.

OhridNews