Од први јули, вторник, стапува на сила одлуката за забрана за изведување градежни работи во централното градско подрачје.

Забраната се однесува на просторот јужно од булевар „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, на просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50 метри, туристичките локалитети од каналот Студенчишта до „Свети Наум“, информираат од Општина Охрид.

Забраната, додаваат, ќе биде на сила до 31 август.

OhridNews