Овогодинешниот, четврти по ред Фестивал на францускиот филм во Охрид, ќе се одржи од 2- ри до 5- ти јули.

Во тек е селекцијата на филмовите кои ќе се прикажуваат на фестивалот. Наредната недела управниот одбор на фестивалот ќе одржи состанок на кој ќе се дефинираат поединостите околу најновото издание, а програмата се очекува да биде објавена кон средината од овој месец.

Организаторите сеуште не откриваат кој ќе биде филмот кој ќе го отвори фестивалот , освен дека и годинава специјален гостин ќе биде светски познатиот режисер, французинот Клод Лелуш, на кого на првото фестивалско издание во 2008 му беше доделена наградата “Златна маска”  за животно дело.

– Овој фестивал претставува едно значајно збогатување на културниот живот во Охрид. Презадоволни сме од посетеноста, само минатата година во рамки на сите фестивалски вечери, проекциите ги посетија 7. 000 љубители на филмската уметност. Очекуваме нивниот број годинава да биде уште поголем, вели директорот на фестивалот Зоран Велјаноски- Летра.

OhridNews