Од 1 јануари следната година Владата ги укинува или намалува царинските стапки за репроматеријали за резервни автомобилски делови, полиетиленски фолии, алатни машини, железнички товарни вагони и автобуси,  како директна поддршка на пет стопански гранки.

– Укинувањето на царинските стапки за тие стоки е во функција на подобрување на условите за стопанисување на домашните производители, развој на индустријата и поголем извоз на странските пазари, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Се укинува и стапката од 15 проценти за облоги и плочки за кочници, фрикциони производи и други делови од нетемперирано леано железо. Во металопеработувачката индустрија за над  105 производи, пред се алатни машини,  се намалуават стапките кои  досега изнесуваа 5 проценти и повеќе. Со тоа, укажа вицепремиерот, директно ќе им се помогне на компаниите што се занимаваат  со производство на предмети од метали и на целокупната  металопреработувачка индустрија, но  и за малите бизниси кои во голем дел се занимаваат со  произвдоство на предмети од метали.

Ќе има намалување на царините  и за транспортниот сектор со цел обнова  на возниот парк и намалување на трошоците на  транспортните компании. Се намалуваат царините за автобусите и минибусите од прва категорија од 10 проценти на 5 проценти, додека царините за автобусите и минибусите од втора категорија се намалуваат од 15 на 5 проценти. Царините за вагоните и цистерните пак, кои досега изнесуваа 4 проценти, сега се укинуваат. Тоа, укажа Ставрески, е директна поддршка за компаниите од транспортниот  сектор во патниот и  железничкиот сообраќај.

Ќе се интервенира  и кај царинските стапки за фолии од полиетилен,  што делумно се употребуваат во прехранбената индустрија и во графичката индустрија кај копир апаратите, каде се укинува целосно стапката што досега изнесуваше 6 проценти.

OhridNews