За успешна регистрација и користење на е-Даноци потребно е: Дигитален сертификат зачуван на сигурносен уред токен (издаден од овластена куќа: Македонски Телеком или КИБС) – за лицето кое од фирмата е овластено за електронско пополнување/потпишување на даночни пријави и други поднесоци по електронски пат; Интернет конекција; е-Пошта (за фирмите да е валидна и иста со онаа која се води во Централниот регистар на РМ).
Од 1 јули 2013 година стариот систем на е-Даноци е ставен надвор од функција. Правните лица и вршители на дејност задолжително треба да мигрираат кон новиот систем на е-Даноци за да можат и понатаму да ги користат е-даночните услуги.