Од аквариум во Норвешка изминатиов викенд украден е крокодил, а крадецот може да остане без прсти, изјавил управникот на аквариумот.
„Се надевам дека тој што го сторил тоа, знаел што прави“ рекол управникот на аквариумот во Берген, Кеес Оскар Екели, изнесувајќи претпоставка дека младиот крокодил е прокриумчарен во торба во текот на саботата кога имало најмногу посетители. Украдениот крокодил со име Таген е 70 сантиметри долг кајман, познат и како Шнајдеров џуџест кајман.
Таген дневно јаде обилна мешавина од риба и месо и може да порасне до 2,5 метри. „ Има прилично остри заби и гризе силно. Со оглед на неговата големина, можете да ги изгубите прстите, но не и виталните органи“ рекол Екели. Управникот на аквариумот се плаши дека четиригодишниот рептил има слаби изгледи да преживее надвор од своето живеалиште во аквариумот, и дека веројатно ќе умре од стрес.
Кражбата е пријавена во полиција. „Понудивме награда од 25 000 норвешки круни (околу 4900 американски долари) за информација која ќе доведе до пронаоѓање на крокодилот“ додал Екели.
Ohridnews