Од Швајцарската авио компанија „Еделвајс“, информираат дека ги прошируваат своите услуги во Македонија, со уште два неделни летови до Охрид, почнувајќи од април годинава.

Станува збор за летови преку целата година, кои ќе се реализираат во сабота, а во месеците јули и август ќе бидат воведени летови и во вторник.

Билтетите може да се набават на интерент страната на авиокомпанијата и на вообичаените интернет продажни страници.