Непознат сторите ноќта помеѓу втори и трети август извршил кражба во каменолом крај Струга, при што одзел хидрауличен цилиндар, кој се проценува на околу 300.000 денари.
Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што се искачил на багер гусеничар и со употреба на подесен предмет ги исекол хидрауличните црева од лежиштето, го извадил хидрауличниот цилиндар кој го ставил во возило и го напуштил местото.
Полициската станица – Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителот.











