Судскиот процес против полицаецот Јаќим Трифуновски на кого требаше да му се суди за двојно убиство, поради безбедносни причини по вторпат одложено.

Обвинетиот не беше спроведен, бидејќи како што навела Управата на затворот во Прилеп, неговото спроведување не било безбедно.

Одбраната на обвинетиот побара од гостиварскиот суд да биде изземен и судењето да продолжи во друг суд. Обвинителот и адвокатот на убиените, пак, побараа предметот да остане во овој суд.

Следното рочиште е закажано  за  18-ти октомври.

Убиството се случи на 28-ми февруари на паркинг во Гостивар, кога Трифуновски кој не бил на работна задача со службениот пиштол ги застрела Бесник Шехапи и Имран Мехмеди.

OhridNews