Применувањето на гол технологијата во фудбалот се покажа вистински потег, а во следните сезони во Германија ќе се воведе и видео снимка за спорните моменти.
Видео снимката ќе биде тестирана две години во германскиот фудбал, а потоа според резултатите ќе се одлучи дали ќе се применува или не.
Германската фудбалската федерација веќе ја информирала ФИФА која ја подржала одлуката за применување на видео снимка.
Со евентуално воведување на видео снимката ќе се намали притисокот од плеќите на судиите кои се наоѓаат на голем удар по секоја грешка во текот на натпреварите.
OhridNews











