Германската авио компанија „Флај Германија“, од 20 декември 2013 година ќе започне со редовни летови од аеродромот Александар Велики-Скопје до Берлин, и тоа два пати неделно во деновите понеделник и петок, информираат од министерството за транспорт и врски.На денес одржаната средба помеѓу министерот Миле Јанакиески со претставници на „Флај Германија“, било разговарано и за можноста за воведување на дополнителни дестинации до Хамбург, Штудгард и Франкфурт.
Компанијата „Флај Германија“, постои 26 години и располага со флота од 18 авиони.












