Прилепчанецот Никола Брајановски направи несекојдневен подвиг откако со велосипед допатува во Охрид од селото Жван, Демир Хисар да го гледа полуфиналниот натпревар Барселона – Баерн Минхен во Beach&bar Cuba Libre.
31-годишниот навивач помина речиси 100 километри со велосипед да биде дел од армијата фанови кои за прв пат во Охрид организирано го гледаа својот омилен клуб.
– Не ми преставуваше никаков проблем да стигнам со велосипед од селото Жван до Охрид. Напротив, имав голем мотив бидејќи на едно место се собрааа навивачи на Баер Минхен од поширокиот регион. Се надевам дека во иднина и во останатите градови ќе се собираме вака и ќе ни продолжи дружењето. – рече Брајановски.
Да биде се комплетно за Брајновски и „црвено белата“ дружина недостасуваше само позитивен резултат на Баерн Минхен, кој претрпе висок пораз 3-0 од Барселона.
ЛШ : Меси и Нејмар го нокаутираа Баерн Минхен на Ноу Камп (видео)
ЛШ : Несебична поддршка за „баварците“ од Beach&bar Cuba Libre (фотогалерија)
Мх.П.