Согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори на Општина Охрид, од денес цената на паркирањето возила низ Охрид изнесува 30 денари за час.
Имено од 1 октомври цените на сите зони, вклучувајќи ја и Премиум зона, ќе изнесуваат 30 денари за секој еден час паркирање на јавно паркиралиште со кое ние стопанисуваме. За потсетување досегашните цени за користење на зона А и Б изнесуваа 40 денари за еден час паркинг додека зона Премиум 100 денари за еден час паркинг. Измената важи за период од 01. 10. 2023 до 31. 03. 2024 година, велат од ЈП „Билјанини Извори“.
Воедно упативаат молба до сите корисници да пристапуваат совесно и да ги почитуваат правилата и одлуките на ЈП “Билјанини Извори” и Советот на градот Охрид.
OhridNews