Од денес,  годишните даночни пријави до Управата за  јавни приходи  можат да се поднесуваат по електронски пат .
Пријавите може да се поднесуваат  на веб страницата на УЈП  со пополнување на личните податоци и со обезбеден електронски потпис од овластениот издавач КИБС и Македонски телеком. Електронскиот потпис  чини околу 900 денари, а освен за даночните пријави може да се користи и за сите останати електронски услуги.

Промовирање на електронскиот начин на поднесување на годишните даночни пријави изврши  министерот  за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Од Управата за јавни приходи појаснуваат дека електронскиот потпис што го користат банките за целите на е-банкарство исто така можат да се користат и за е-даноци, доколку се издадени од Македонски телеком и КИБС. Граѓаните  кои имаат потпис за користење електронски услуги на други институции, како што се Агенцијата за вработување, Царинската управа, Централниот регистар може да го користат и за е-даноци.

OhridNews