
Царинската управа на Република Македонија ги спроведе сите институционални подготовки со цел овозможување на овој процес и натамошно олеснување и забрзување на извозот. Во тек се интензивни подготовки во организациска, техничка, просторна и кадровска смисла.
Со оглед на фактот дека извозното царинење на граничниот премин Ќафасан ќе се одвива 24/7 и без наплата на надоместок за престој во терминал, односно царинењето ќе се врши на самата лента за излез од Република Македонија, се очекува извозно ориентираните економски оператори интензивно да ја користат оваа можност, информираат од Царинската управа.












