Денес стартуваа првите авиони на релациите Скопје-Анкона-Скопје и Скопје-Венеција-Скопје.

Летовите се на италијанската авиокомпанија „Бел Ер Јуроп“. Предвидени се редовни авионски линии од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје до Анкона и Венеција, двапати неделно – секој четврток и недела.

Летовите од Македонија до Анкона и Венеција, во соработка со „Бел Ер” ги организира швајцарскиот тур-оператор „Ер Приштина”

Цената на билетот за двете дестинации во еден правец е 79 евра, со вклучени аеродромски такси. Во цената е вклучена и провизијата за багаж до 20 килограми.

OhridNews