Охридскиот Центар за јавно здравје во соработка со Локалната самоуправа  во периодот од денес до 17- ти октомври ќе спроведе системска дератизација во стариот дел на градот. Со дератизацијата против глодарите ќе бидат опфатени и улиците Туристичка, Железничка, Питу Гули, Јане Сандански ,7ми Ноември, Кеј Маршал Тито, Димитар Влахов, Даме Груев, Партизанска и Живко Чинго.

Во случај на појава на неповолни временски услови, дератизацијата ќе се одложи за наредниот поволен ден .

OhridNews