Министерството за здравство ги презема сите неопходни мерки, согласно Акциониот план за превенција на штетните последици од топлотните бранови врз здравјето на населението.
Со цел да се превенираат последиците од топлото време, а особено заради големите температурни разлики и потребата за адаптација на организмот на повисоки температури и заштита на здравјето, посебно на ризичните групи, граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од топлотни бранови и заштита на здравјето – да избегнуваат директна изложеност на сонцето, особено во периодот од 11-16 часот, да консумираат лесна храна и течности, да носат светла и лесна облека.
Повозрасните и хронично болните лица навремено да ја примаат препорачаната терапија од матичниот лекар, соопшти Министерството за здравство.