Од денес почнува вакцинацијата со новите вакцини за ротавирус и пневмокок, која Министерството за здравство ја воведе во редовниот календар за имунизација.
Од Комитетот за имунизација при Министерството за здравство велат дека вакцините се веќе дистрибуирани во вакциналните пунктови и родителите може да почнат да ги носат децата на вакцинација. Овие вакцини ќе ги примаат бебињата и малите деца.
Од Педијатриското здружение велат дека со вакцините за ротавирус и пневмокок се очекува драстично намалување на гастроентероколитот кај бебиња и мали деца и инвазивните пневмококни болести, кои се тешки и бараат хоспитализација.
OhridNews