Периодот на стабилно и натпросечно топло време продолжува и во претстојниве денови, но максималната температура од денеска ќе биде во просек за два степенa пониска во однос на вчерашната.

Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степена. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Охрид и околината сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.
До четврток ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. В четврток попладне и в петок се очекува дестабилизација која ќе услови локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В петок температурата дополнително ќе се намали.
OhridNews












