На Скопскиот аеродром од денеска ќе биде воспоставена нова авиолинија на релација Скопје – Киев.
Новите летови, што се воспоствуваат првпат меѓу Украина и Северна Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE. Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела.
Првпат во историјата на односите меѓу Украина и пријателска Република Северна Македонија од 6 декември 2020 година се воведуваат летови на релација Кијив-Скопје-Кијив!, соопшти Амбасадата на Украина во Скопје.

Постоење на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Северна Македонија со Украина и на Украинците со Република Северна Македонија. На овој значаен настан беше посветена средбата на амбасадорката на Украина, стои во соопштението, објавено на Фејсбук страницата на Амбасадата на Украина.
На веб-страницата на WINDROSE веќе може да се купат картите и за Киев и за Скопје.
OhridNews












