Зонското паркирање стартуваше. Граѓаните кои претходно имале искуства со ваков начин на наплата без проблем се снаоѓаат, на останатите им треба малку повеќе време додека прочитаат на поставените информативни табли. Во секој случај, и едните и другите се согласуваат дека новиот систем воопшто не е сложен за користење.

  • Пратив порака, немаше никаков проблем;
  • Како и секаде во светот така и ние треба да прифаќаме новини;
  • Прочитав и како што пишува на таблата така правев. Само да не заборавам да пратам СМС кога си одам,се шегува повозрасен охриѓанец.

Наплата на паркирањето се врши секој ден, од 7 и 30 до 03 часот. Наплатата се врши преку СМС систем, преку следниот телефонски кориснички број 144 644.

  • Корисниците треба да го следат упатството поставено на инфо таблите на сите улици на кои се врши наплата согласно СМС системот и строго да се придржуваат кон насоките за користење на паркинг местата. Доколку имаат потреба од појаснување, корисниците на паркинг услугите може да се обратат кај контролорите, вели директорката на ЈП Билјанини извори, Гордана Јованоска.

Од јавното претпријатие се извинуваат за направена печатна грешка на информативните табли, во однос на деновите за наплата, која ќе биде отстранета уште во текот на денот.

Цената за паркирање во зона А изнесува 30 денари, исто толку и секој нареден час. Во зона Б цената е 20 денари.

OhridNews